Иако доењето е природна работа, сепак подобро е кога жената уште во текот на бременоста ќе научи за оваа техника. Тоа ќе помгне после породувањето да се избегнат можни проблеми и ќе биде поспремна.
http://tvoebebe.com/BEBE/polza_doenje.php
Доењето треба да започне веднаш по породувањето. Бебето кога ќе се роди знае да цица. Иако веднаш по пораѓајот можеби нема да имате млеко треба бебето да се става да се дои. На почетокот од градите се лачи жолтеникава течност-колострум, која има голема важност за здравјето на бебето. Имам слушнато дека го нарекуваат првата вакцина на бебето. Тоа што во почетокот можеби ќе немате поголеми количини на млеко нека не ве загрижува. Наредните денови по породувањето ќе надојдат поголеми коичества на млеко во градите. Бебето треба да се става често на градите и да се дои од двете дојки.
Не треба да се додава вештачко млеко, ниту пак вода. Се што му е потребно на бебето се наоѓа во Вашето млеко. Ако му давате додатоци може да му се намали желбата за цицање, а со тоа ќе се намали и производството на млеко во Вашите гради. Колку повеќе го доите бебето, толку повеќе ќе се создава млеко.
Веднаш кога се породив ми го ставија бебето на градата, и тоа знаеше како да цица. Почна да ја отвора устата веднаш штом ја намириса. Прекрасно е тоа чувство. (love5) (lovet) Уште во 7 месец на бременоста имав млеко. Жолтеникава течност се лачеше од градите и јас знаев дека имам млеко. По пораѓајот ја ставав ќерка ми често да ја дојам и се учев како правилно да ја доам. Но првите два дена ми ослабе. Педијатрите ме прашуваа мајка имаш ли млеко? И им викав имам. И ме прашуваа зошто тогаш слабее. Вториот ден пак ослабе и ми рекоа ако не се поправи наредниот ден ќе не задржеле повеќе во болница. А јас ич ама ич не сакав да останам. Едвај чекав да си отидеме дома.Тој ден се доевме повеќе. И вечерта кога спиев се разбудив од млекото што ми дојде. Немав поим како е кога доаѓа млекото. Тогаш го земав бебето и ја надоив вечерта, утрото пак и кога дојдоа на визита беше поправена и не пуштија дома.
Ви посакувам успешно доење. (bu)
Првите денови од доењето
Зошто доење, совети, проблеми во доењето и се што е поврзано со доење на бебето.
Moderator: Модератори
Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Jump to
- Добредојде и да се запознаеме
- ↳ За форумов
- ↳ Технички прашања
- ↳ Да се запознаеме
- Забременување
- ↳ Во очекување на бременост
- ↳ Забременување
- ↳ Неплодност
- ↳ Испитувања на неплодност
- ↳ Дијагнози на неплодност
- ↳ Медикаменти
- ↳ Разно за неплодноста
- ↳ Инсеминација
- ↳ Ин витро и Наши дневници на ИВФ
- Бременост и породување
- ↳ Бременост
- ↳ Бременост
- ↳ Испитувања во бременоста
- ↳ Здравје и компликации во бременоста
- ↳ Спонтан абортус
- ↳ Разни теми поврзани со бременоста
- ↳ Породување
- ↳ После породувањето
- ↳ Честитки за новите бебуши
- Дете
- ↳ Доење
- ↳ Бебе од 0-12 месеци
- ↳ Бебе
- ↳ Исхрана на бебиња
- ↳ Здравје кај бебиња
- ↳ Опрема, козметика и сл.
- ↳ Дете од 1-3 години
- ↳ Тодлери
- ↳ Исхрана на тодлери
- ↳ Предучилишна возраст
- ↳ Училишна возраст
- ↳ Деца со посебни потреби
- ↳ Разно за децата
- ↳ Воспитување на децата
- Жена
- ↳ Мода
- ↳ Нега и убавина
- ↳ Природна нега
- ↳ Жена - разно
- Семејство, дом, миленици
- ↳ Семејство и брак
- ↳ Свадба
- ↳ Брак
- ↳ Мајчинство
- ↳ Семејство
- ↳ Патувања, празници, одмори...
- ↳ Дом
- ↳ Чистење
- ↳ Апарати и кујнски прибор
- ↳ Рецепти и готвење
- ↳ Уредување на дом и градина
- ↳ Направи сам
- ↳ Разно за домот
- ↳ Миленици
- Здравје
- ↳ Здравје - општо
- ↳ Здравје кај деца
- ↳ Здравје кај возрасни
- ↳ Сексуално преносливи болести
- ↳ Здравје
- ↳ Здрава храна и додатоци во исхраната
- Останато
- ↳ Хоби, спорт и рекреација
- ↳ Да помогнеме
- ↳ Информации
- ↳ Наши размислувања и ставови за разни теми
- ↳ Секојдневие
- ↳ Купувам, продавам, подарувам
- ↳ Опуштено
- ↳ Игри и забава
- ↳ Архива